петок, 18 октомври 2024

Црвена звезда: Се радуваме на гостувањето во Скопје (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ова се зборови на директорот на Црвена звезда, Давор Ристовиќ, во пресрет на гостувањето на овој тим в недела во Скопје, каде што ќе одигра пријателски меч со најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Дуелот на двата некогашни големи ривали од времето на лигата на поранешна СФР Југославија ќе биде централна манифестација на прославата на шест и полдецениското постоење на Работнички.

„Средбата ќе има ревијален карактер, но ние ќе се обидеме да ја искористиме на најдобар начин како подготовка за продолжување на сезоната, но и за претставување во најдобро светло пред кошаркарската јавност во Скопје. Особено се радуваме што ќе гостуваме во македонската престолнина бидејќи таму имаме голем број навивачи. Наша должност е да приредиме извонредна кошаркарска претстава“, дополнува Ристовиќ.

 

[video:http://www.youtube.com/watch?v=E7udRO8Hh5w]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ