понеделник, 23 февруари 2026

Во Струга почина 70 годишна жена од удар на товарно возило

И.И. (70) од селото Мислодежда, Струшко, во саботата починала откако во неа удрило товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки управувано од Н.О. (57). Сообраќајката е случила на улицата „Струшки Кепенци“ во Струга.

Објавено на

часот

Сподели

„По несреќата И.И била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош каде подоцна починала. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициски службеници го лишија од слобода Н.О. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ