Како што информираше МВР, На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на Македонија и Србија, со цел негово екстрадирање во Македонија и негово соодветно санкционирање.
На 12 јануари годинава Министерството за внатрешни работи ја објави меѓународната потерница по 18-годишникот кој возејќи без возачка дозвола на 9 јануари удри и усмрти жена во скопски Капиштец. Тој избега од местото на несреќата и ја напушти државата.
Според истрагата, осомничениот возел „фолксваген пасат“ по улицата Народен фронт во ценатрот на Скопје без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. Наместо да застане и да ѝ помогне на повредената жена, возачот веднаш избегал од местото. Јаковлевска била префрлена во Ургентниот центар, каде подоцна починала од тешките повреди.
Обвинителството тогаш информираше и дека во бегството, на Саитов му помогнале маж и жена, кои со свој автомобил го пренеле преку граничниот премин Табановце. Тие биле уапсени откако се вратиле во земјава.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против мажот и жената за помагање на сторител по извршено кривично дело, и им беа изречени притвор за обвинетито маж и куќен притвор за жената.
Според обвинението, со автомобил „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, мажот и жената дошле до домот на осомничениот Саит Саитов веднаш по сообраќајната несреќа, го зеле заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Република Србија. Таму ги оставиле, по што помагачите се вратиле во земјава истиот ден околу полноќ.






