петок, 13 февруари 2026

Три жени за едно деноноќие пријавиле дека биле тепани од мажите во Скопје

Три пријави за физички напади врз партнерки биле евидентирани изминатото деноноќие на скопската територија.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 4:40 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, 35-годишна жена пријавила дека околу 1:40 часот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С., 24-годишен скопјанец.

„Синоќа во 22 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР – Скопје го лишија од слобода Н.Ј., 52-годишен скопјанец, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17 часот во домот физички ја нападнал неговата 32-годишна партнерка“, соопштија од МВР.

Претходно пак, во 17:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР – Скопје извршиле службен разговор со П.Л., 45-годишен скопјанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 48-годишна вонбрачна партнерка.

По целосно документирање на случаите, како што додадоа од МВР, ќе следат соодветни пријави. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ