Во меѓувреме, директорката на Државниот инспектор за труд, Весна Томовска за МИА изјави дека на лице место вчера е излезен трудов инспектор. Утврдено е дека двајцата работници не биле вработени, туку работно ангажирани во објектот. Починатиот бил кувар во пензија.
Таа посочува дека утре до инспекторатот треба да биде доставена документацијата за безбедност при работа во објектот.
Од Обвинителството информираат дека се обезбедуваат докази за расчистуваање на настанот, а стручно лице ќе направи техничко вештачење на лифтот. Како дошло до трагедијата нема официјални информации. Телото на починатото лице е дадено на обдукција.






