сабота, 14 февруари 2026

Со тупаници ја тепал својата бремената партнерка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишник осомничен за tелесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, при вршење семејно насилство во домот на улицата „Рајко Жинзифов” во Скопје, физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка која била во вториот месец од бременоста.

Објавено на

часот

Сподели

Оштетената почнала силно да вика и да бара помош со намера да слушнат соседите и да повикаат полиција, но колку посилно викала толку осомничениот станувал поагресивен и посилно ја удирал, а во еден момент со намера да ја замолчи ја притиснал со раце на вратот. Жртвата, за да се спаси и да излезе од домот, го убедила осомничениот да одат на гинеколог за да направат ЕХО преглед и да го видат бебето.

Кога со автомобилот тргнале кон матичниот гинеколог и осомничениот застанал на семафорите на булеварот „Св. Климент Охридски”, оштетената успеала да избега од возилото и влегла во кафуле за да побара помош. Од човек кој седел во кафулето позајмила  мобилен телефон и веднаш пријавила во полиција.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ