четврток, 12 февруари 2026

Пронајдено оружје во викенд куќа во Прилеп, поднесена кривична пријава

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.А.(67) од Прилеп поради сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, на лани на 3 септември, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа која повремено ја користел пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени ловечки карабин и воздушна пушка.

По целосно документирање на случајот, против 67-годишникот е поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ