понеделник, 16 февруари 2026

Приведени двајца по напад во угостителски објект и закани со пиштол во Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје привеле двајца лица по инцидент во угостителски објект во населба Скопско Поле, Трубарево.

Објавено на

часот

Сподели

На 15 февруари околу 22:00 часот, А.С. (35) од Скопје и уште едно лице физички ги нападнале И.Ј. (31) од с.Марино и Б.А. (32) од населба Илинден, при што А.С. упатил закани со пиштол кон И.С., вработена во МВР, сопственост на А.М. (30) од с.Стајковци, скопско, која била присутна со нив.

Подоцна, на 15 февруари околу 22:20 часот, А.С. бил лишен од слобода на ул. „Благоја Стефковски“, а при преглед во возило БМВ со скопски регистарски ознаки кај него бил пронајден и одземен пиштолот. На 16 февруари во 02:05 часот на подрачјето на Гази Баба била лишена од слобода и А.М.

Лицата се задржани во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ