Трите лица биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.
Во друга полициска проверка, во 12.30 часот во Струга бил приведен албанскиот државјанин Р.К.(47. При преглед извршен во автомобил „опел корса”, со албански регистарски ознаки, што тој го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






