понеделник, 16 февруари 2026

Полицијата трага по исчезнатото лице од Прилеп

Министерството за внатрешни работи информира дека на 15 февруари 2026 година во 16:15 часот во ОВР Прилеп, Д.И. (69) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син В.И. (39). Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

 

Објавено на

часот

Сподели

Претходно, семејството на Виктор Илиоски од Прилеп објави апел за помош, наведувајќи дека му се губи секаква трага од пред два дена. Според објавата на неговата мајка, Роза Илиоска, тој последен пат бил виден околу 14 часот.

Во моментот на исчезнувањето бил облечен во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики.

Случајот е пријавен во полиција, а семејството ги повикува сите граѓани кои имаат каква било информација да се јават на телефонскиот број 076 303 292.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ