„Утрово во 6:45 часот на булеварот ‘Македонија’ во Делчево, полициски службеници од ОВР – Делчево го лишија од слобода С.Д., на возраст од 23 години, од делчевското село Тработивиште. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило ‘фолксваген голф’ со делчевски регистарски ознаки, што го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило – односно без возачка дозвола“, појаснија од МВР.
Како што информираа од МВР, запознаен е јавен обвинител, по чија насока, возилото е одземено, а лицето лишено од слобода.
„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додадоа од МВР.






