понеделник, 16 февруари 2026

Пешак загина во сообраќајна несреќа на патот Подмоље – Струга

Трагична сообраќајна несреќа се случила утрово на магистралниот пат Подмоље – Струга, при што пешакот У.Д. (75) од с.Ливада, струшко, го загубил животот.

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата се случила околу 06:30 часот, кога товарно возило ман, управувано од А.А. (52) од Република Албанија, удрило во пешакот. Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт на лице место, а увид извршила екипа на ОВР Струга.

Според пријавата, претходно околу 06:05 часот, У.Д. се оддалечил од домот на свој роднина во струшкото село Мислешево и имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ