недела, 15 февруари 2026

Одземени два „мерцедеса“, ги прикривале регистарските таблички

Викендов полицијата во Скопје спроведе засилена акциска контрола низ Центар и низ Бит Пазар, по што лиши од слобода две лица кои управувале со патнички возила со прикриени регистарски ознаки.

Објавено на

часот

Сподели

Возачите С.С. и М.А. управувале со патнички возила „мерцедес“ и сториле кривични дела за прикривање на ознаки. За време на контролната акција откриен е и еден прекршок поврзан со оружје. Двете возила им биле одземени.

Во текот на проверките биле контролирани 24 лица, прегледани 17 лица и четири возила, при што откриени се седум сообраќајни прекршоци.

Полицијата исто така вршела превентивни обиколки во паркот на Капиштец, околу угостителски објект на булеварот „Партизански одреди“ и кај игралиштето „Дрвен Град“, каде што често се собираат малолетници.

Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период со цел одржување на редот и безбедноста на централните градски подрачја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ