Како што е наведено во соопштението, возачот во Куманово претходно со мотоцикл учествувал и во сообраќајна незгода и од него е одземен мотоциклот, а на другите возачи се одземени патничките возила.
По еден возач во Скопје, Чашка и прилепско управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија.
„Од нив, исто така, се одземени патничките возила. Еден возач во Кочани управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во радовишко управувал возило со брзина поголема од дозволената. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, информираат од МВР.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку се под дејство на алкохол или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување.






