„Вчера во 16:49 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека на место викано ‘Сулејманови ливади’ во село Горно Количани, Скопско, пронајдени се коски слични на човечки, а во близина е пронајдена и облека. Увид на местото извршила екипа на СВР – Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, информираа од МВР.






