понеделник, 16 февруари 2026

Кривична пријава за посредување во вршење на проституција

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од скопското село Бојане, поради сомнение за сторено кривично дело посредување во вршење проституција.

Објавено на

часот

Сподели

Истовремено, пријава е поднесена и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово, осомничен за помагање при извршување на делото.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги. Додека Г.Н. со умисла и свесно помагал на првопријавената во вршење на услугите, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ