Според информациите од полицијата, на 20 декември минатата година, во Прилеп, пријавениот со патничко возило го попречил патот на друго патничко возило во кое се наоѓале двајца сопружници. Во текот на инцидентот, тој им се заканувал со остар предмет.
По целосно документирање на случајот, против 20-годишникот е поднесена соодветна кривична пријава.






