четврток, 12 февруари 2026

Кражба во финансиско друштво во Аеродром, одземени пари, сефови и службен печат

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 10ти февруари до 03:25 часот, следниот ден, со употреба на сила и подесен алат било влезено во подружница на финансиско друштво на подрачјето на Аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, од објектот биле одземени пари, два сефа, службен печат на подружницата, мобилни телефони и други предмети.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ