сабота, 14 февруари 2026

Албански државјанин се обидел да поткупи полицаец

Вчера на улицата „Маршал Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода З.Х. (31) од Република Албанија поради сомневање за сторено кривично дело „давање поткуп“.

Објавено на

часот

Сподели

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле товарно возило „ман“ со албански национални ознаки, при што во патната исправа која ја дал на увид, З.Х. ставил пари. Известен бил јавен обвинител, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ