Во речиси нерегуларни услови за игра, предизвикани од големата влага, шестиот тенисер на светот ја забележа и третата победа во четирите дуели против својот сонародник. На лизгавиот терен во Доха Монфилс играше добро сѐ до својот прв загубен сервис, по што Цонга наметна ритам што беше недостижен и демотивациски за противникот.
Монфилс по загубениот прв сет, рамнодушно влезе во вториот, а нерегуларните услови, кои другпат би предизвикале одложување на финалето, беа највоочливи кога Цонга во четвртиот гем се лизна и акробатски падна на теренот, по што сам го бришеше лизгавото место.
Вкупниот фонд на турнирот беше 1,1 милион долари.