Барселона е во лоша финансиска состојба, па клубот ќе треба да ги балансира сметките со продажба на фудбалери.
И како што пишува Спорт, на продажба е целиот тим, недопирливи се само три имиња.
Весникот објави дека Роналд Араухо, Педри и Гави се идентификувани како фудбалерите кои треба да ја предводат Барселона во следните години, па без разлика какви понуди ќе пристигнат, веднаш ќе бидат одбиени.
Но за сите останати, приказната е сосема поинаква, доколку пристигне примамлива понуда, ќе се седне на маса и ќе се разговара.