„Пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 8 до 11 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 килограми во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас“, соопшти ЦУК.