Во саботата спасениот планинар бил дел од група од 20 планинари. Колабираниот планинар бил спасен со ратракот на „Ескимо“.
Ратракот на „Ескимо фрирајд“ несебично интервенирал и денеска при спасувањето на петмината изгубени планинари во густата магла.
Ваквите настани, спасувања при животозакрозувачки ситуации на повисоки планини во зимни услови и при повисок снег, поттикнуваат ЦУК да потсети и апелира до планинарите и посетителите на планините коишто се искачуваат на повисоките врвови в зима, да одат во групи, при што е пожелно да имаат планинарски водичи или искусни планинари со нив, а и да имаат превентивно минимални средства со нив за итни (кризни) персонални ситуации за нив. Притоа, од основно стратешко превентивно значење е да имаат мобилни телефони, а и други комуникациски уреди, потоа полни батерии за комуникациските уреди, а и дополнителни уреди за чување електрична енергија за дополнување на мобилните телефони и секако во кризна, односно животозагрозувачка ситуација да побараат брзо локација каде што има сигнал и интернет, за побрзо да се јават на 112 во ЦУК.