ЦУК со иницијатива до Град Скопје за пешачки премин или кружен тек на булеварот Србија (ВИДЕО)
Од согледаните потреби на граѓаните на скопската населба Аеродром Центарот за управување со кризи упати барање до Град Скопје за најбрзо што може да се уреди еден пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир. Од ЦУК сметаат дека пешачки премин нема да го реши најдобро проблемот, но за тоа ги повикуваат стручните лица од сообраќајната област тоа да го решат.
Објавено на
часот