„Регионалниот ЦУК Велес, известува дека од ЈП Национални шуми – подружница Бабуна од Велес е добиено известување дека пожарот е на непристапен терен и дека е можно во текот на денешниот ден да се побара и подршка од воздух“, информираат од ЦУК и апелираат да не се пали вегетација на отворено.
ЦУК исто така апелира појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.