Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов беше стартер на натпреварот и одигра 70 минути.
ТСЦ Бачка Топола добро го почна мечот, поведе со гол на Мбунго во 28. минута, но само три минути подоцна Имаз изедначи на 1-1.
Во 81. минута Пулулу погоди за комплетен пресврт и водство на Јагелонија од 2-1, а Имаз со својот втор гол на мечот во 89. минута ги постави конечните 3-1 за полскиот тим.
Во другите натпревари од Конференциската лига кои се играа во овој термин, Целје и АПОЕЛ одиграа 2-2, Шамрок Роверс со 1-0 славеше кај Молде, а Викингур Рејкјавик на домашен терен го победи Панатенаикос со 2-1.