среда, 4 декември 2024

Чуден случај во Франција: Шестгодишно дете доби забрана за влез на стадион, клубот ја објасни одлуката

Францускиот прволигаш Ле Авр повлече несекојдневна и непопуларна одлука, реши да казни шестгодишно дете и да му забрани влез на стадионот до почетокот на 2025-та година.

Објавено на

часот

Сподели

Ле Авр го привлече вниманието на фудбалската јавност со одлуката на еден навивач да му забрани влез на стадионот. Ова е нормална практика во последно време за да се спречат немилите сцени на трибините и да се избегнат казни, но во овој случај, чудно е тоа што не е казнет некој хулиган, туку шестгодишно дете.

Тоа нема да може да влезе на стадион до почетокот на 2025-та година поради фрлање на објекти од трибината, објектите во случајов се хартиени чаши и топки од хартија.

Никој не бил погоден, хартиените чаши и топките од хартија не стигнале до самиот терен, но поради тоа што се нашле во извештајот на делегатот, Ле Авр решил да повлече несекојдневна и непопуларна одлука.

„Малку е тажно што мораме да носиме вакви одлуки, но мораме да реагираме во вакви случаи и да ја подгинеме свеста кај луѓето кои доаѓаат да ги следат нашите натпревари. Треба да покажеме дека стадионот е место на кое треба да уживаме и да го славиме фудбалот, а не место за искажување на нашите фрустрации“ – извор од Ле Авр во разговор со Л’Екип објасни зошто е казнето шестгодишното дете.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ