сабота, 19 октомври 2024
Хаос во Друштвото на писатели на Македонија

Членови на ДПМ бараат објаснување од Петрески за тврдењата дека е под уцени за прашања што го задираат идентитетот

Откако писателот Христо Петрески, кој вчера ја повлече неотповикливата оставка од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а денеска се огласи во јавноста со тврдење дека е „под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик“, со реакција се јавија 21 член на ДПМ кои меѓу другото бараат, Петрески да го образложи, како што велат тие во реакцијата,неаргументираното тврдење испратено до медиумите за наводните притисоци и закани, како и за прашањата што наводно ги задираат идентитетот и македонскиот јазик. Воедно тие бараат претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска, за вонредното изборно собрание закажано за 25 ноември да подготви и да испрати до членството дневен ред, како и деловник за вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ.

Објавено на

часот

Сподели

По денешното обраќање на Христо Петрески до медиумите, во кое, потпишан како претседател на ДПМ, зборува дека е „под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик“, укажуваме дека Друштвото на писатели на Македонија има важно историско значење за македонската култура и држава, а со тоа и за националниот идентитет, и мора да има општествена одговорност и цврста позиција во денешницата, пишуваат писателите потписници на реакцијата.

Сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на друштвото. Лошото раководење и функционирање на ДПМ се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница. Доброволната оставка на 8 од 9 членови на Претседателството на ДПМ не смее да остане незабележана, и недозволиво е да се направи самоиницијативен обид, неоправдан од Статутот, за нивна замена со други членови. Начинот на кој Христо Петрески се обидува да создаде матна слика во јавноста преку веќе наведевениве постапки е штетен за угледот на ДПМ во Македонија и во странство, но штетен е и за националните и за сите други интереси. Христо Петрески, пред целото членство на ДПМ мора да го образложи неаргументираното тврдење испратено до медиумите за наводните притисоци и закани, како и за прашањата што наводно ги задираат идентитетот и македонскиот јазик“, велат писателите потписници на реакцијата.

Писателите потписници на реакцијата велат дека членството на ДПМ нема да дозволи да биде изманипулирано и бара медиумите и пошироката јавност да бидат запознаени со тековните случувања во раководството на друштвото, зашто, како што велат, по сите превирања и обвиненија, „сметаме дека невалидна е изјавата на Христо Петрески дека ‘работата на друштвото се одвива во неговите простории и во културните институции“.

По последните настани, невозможно е ДПМ да продолжи со нормална работа. Следствено на тоа, ја повикуваме претседателката на Собраниетона ДПМ, Кристина Николовска, во согласност со Статутот, за вонредното изборно собрание, закажано за 25 ноември да подготви и да испрати до членството дневен ред на Собранието, како и Деловник за вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот“, повикуваат пистелите потписници на реакцијата. .

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ