петок, 18 октомври 2024

Читањето е безвременско – Саемот на книгата 2023 нуди богата програма и учество на над 60 издавачи

Објавено на

часот

Сподели

Билетите ќе бидат достапни за купување на влезот на арена Борис Трајковски, но секако, – и за сите љубители на дигиталните услуги, сите заинтересирани ќе можат да ги набават своите билети за саемот и онлајн преку Karti.com.mk: https://www.karti.com.mk/saem-na-kniga-2023.nspx

Во информацијата на организаторите се вели:

Доколку ги рангираме и разгледуваме најздравите навики, коишто може да ги поседува модерниот човек, која би била на прво место? Во дигитално доба со намален фокус и примање на информации, најздравата навика на човекот дефинитивно би требало да биде токму читањето. Но зошто само модерниот? Читањето е и би требало да биде бeзвременска навика во секоја претстојна година, декада, век. Главната причина? Читањето нѐ прави луѓе.

Можеби најочекуваната културна манифестација во земјата, чија главна цел е славење на убавината на пишаниот збор, а и создавањето на бесконечен број на светови со моќта на јазикот, – и тоа од страна на голем број домашни, а и странски автори, е секако Саемот на книга.

с 

Во рамките на неколкудневната програма, се очекува присуство на голем број интересни домашни и странски автори, со промоција на нови книги во  официјалниот Промотивен центар во Арената, а секако и на штандовите на издавачите се најавуваат едукативни работилници и цртање за најмладите посетители, како и средби со автори и потпишување книги.

Една од главните цели на годинешното јубилејното 35. издание на Меѓународниот Саем на книга е одбележување на важноста за зачувувањето на мајчиниот македонски јазик, како главен идентитет на народот, а за истото, програмата на Саемот ќе се фокусира и на активност и програма која ги слави познатите легенди, кои имаат оставено значителен печат во македонската книжевност. На 5 мај, во петок, во 12 часот ќе биде организирана трибина  во организација на Македонската асоцијација на издавачи по повод Денот на македонскиот јазик.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ