Чибишев вели дека децата се со стабилни витални параметри.
„Кај сите е докажано присуство на психоактивни супстанци. Не е докажано присуство на алкохол и немаат посериозни повреди“, изјави Чибишев за Курир.
Тие остануваат на Клиниката за токсикологија каде ќе продолжи нивното лекување и надзор.
Станува збор за две момчиња и две девојчиња на возраст од 14 до 17 години, кои вера беа примени во бесознание и беше преземена процедура за реанимација.
И МВР информираше за овој случај по пријава на граѓанин за нарушем мир во една куќа, а во случајот се вклучи и јавен обвинител за расветлување на целиот настан.