недела, 15 декември 2024
Меѓународна акција против дилери на дрога

Четворица македонски државјани ѝ паднаа на полицијата в раце, осомничени се за шверц на 324 килограми кокаин

Објавено на

часот

Сподели

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување на истрага против четири лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Од МВР информираат дека денеска поднеле кривична пријава против А.М., Д.З., М.Ј., сите од Скопје, како и против Р.Т. од Прилеп, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

„ Уапсените се дел од меѓународна организирана криминална група инволвирана во организирање на транспорт на кокаин за земјите од ЕУ, Поради ова, вчера спроведена е полициска акција на повеќе локации на подрачјето на Скопје и Прилеп, а врз основа на издадени наредби извршен е претрес кај лицата, при што се  пронајдени и одземени повеќе мобилни телефонски апарати, сим картички, патничко возило и документација. При обид да биде лишено од слобода, едно од лицата не почитувал полициска наредба и со возилото удрил во службено полициско возило, при што се здобил со тешки телесни повреди и е задржан на болничко лекување. Притоа, четирите лица се лишени од слобода“, информираше портпаролката на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Во соопштението на ОЈО ГОКК пак детално е опишан планот како осомничените планирале да го пренесат кокаинот во Италија. 

„Во текот на месец јуни 2021 година осомничените, заедно со неправосилно осуден македонски државјанин како повеќе лица, неовластено заради продажба набавиле324 килограми и 400 грама кокаин од непознати лица од Албанија со намера истата да ја пренесат до Италија. Откако претходно се договориле, осомничените на 16 јуни 2021 година поединечно на различни гранични премини излегле од државата, се сретнале и презеле активности на територијата на Драч, Албанија. Притоа на непозната локација во Албанија, непознати лица, албански државјани и првоосомничениот во просторот кај резервоарите со нафта на ТМВ ˶Даф˝ сместиле 300 пакувања кокаин со тежина од 324,4 тони. Па, откако вечерта осомничените и неправосилно осудениот оствариле заедничка средба, неправосилно осудениот со ТМВ марка ˶Даф˝ се упатил кон пристаништето во Драч со цел кокаинот да го пренесе во Италија. Тројца од осомничените заедно, на 18 јуни 2021 година еден час по полноќ, на граничниот премин Кукс/Морина влегле од Албанија во Косово со ПМВ марка Мерцедес, а на граничниот премин Блаце првоосомничениот влегол како пешак во Република Северна Македонија, а другите двајца осомничени со ПМВ марка Мерцедес како возач и сопатник. Второсомничениот во исто време со ПМВ марка марка ˶Голф˝ со бугарски регистарски ознаки влегол во државава преку граничниот премин Свети Наум. Истиот ден напладне, на пристаништето во Драч, Албанија при скенирање на ТМВ марка ˶Даф˝ од страна на службени лица од Царинската управа на Албанија биле откриени сокриените пакувања на кокаин и неправосилно осудениот е лишен од слобода. Нему му е определена мерка притвор и истиот е неправосилно осуден од тамошниот суд на казна затвор во траење од 8 години“, соопштија од ОЈО ГОКК.

Од обвинителството уште информираат дека при вчерашната акција еден од осомничените во обид да им избега на полициските службеници се повредил и се наоѓа на лекување, додека останатите тројца во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје.

„Предметиот обвинител ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за осомничените“, информираат од ОЈО ГОКК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ