сабота, 5 октомври 2024

Четворица царинарници од Табановце добиле кривична пријава

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Р. (35), В.М. (44), Д.М. (49) и С.М. (39), сите царински службеници, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Објавено на

часот

Сподели

На 25 јули на работното место на граничен премин Табановце, за влез во државата, пријавените на едно лице од Струмица му пресметале помал износ на ДДВ и царински давачки за увоз, со што му овозможиле да се стекне со противправна имотна корист, а му издале и потврда за плаќање на увозни давачки, која ја завериле со свој печат и потпис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ