петок, 24 јануари 2025

Четири судења за Рамиз Мерко во еден ден

Во Основниот суд во Струга почна првото од четири судења, закажаните за денеска против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две за директори на училишта и за набавката на „аудито“.

Објавено на

часот

Сподели

Првото рочиште , кое се однесува за незаконско поставување на директори на училишта, и се наоѓа во доказна постапка, продолжува со сослушување на ексминистерот за образование од ДУИ, Јетон Шаќири.

Шаќири, заедно со раководителот на секторот за финансии при Општина Струга, Абедин Нуроски, требаше да биде сослушан на претходното рочиште во октомври минатата година, но тоа не се одржа поради немање уредна достава до сведоците.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради вмешаност во корупција. Против него има поднесено повеќе (девет) обвиненија за несовесно работење во службата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ