На конференцијата во организација на ОБСЕ и под покровителство на Европската унија, обвинителот Петрески, кој од неодамна е назначен за јавен обвинител задолжен да ги следи предметите поврзани со безбедноста на новинарите во скопското обвинителство зборуваше на панел-сесијата за предизвиците со кои се соочуваат истражните органи при истражувањето на кривичните дела против новинари. Тој додал дека годинава евидентиран е еден предмет во ОЈО Тетово во кој веќе се постапува.
Од Јавното обвинителство на Македонија уште информираат дека обвинителот Петрески во Белград го презентирал искуството на обвинителството со назначување на посебни јавни обвинители кои го следат постапувањето во ваквите предмети во обвинителствата во Скопје, Битола, Штип и Тетово, што веќе резултира со олеснето регистрирање и поголема ефикасност на кривичниот прогон за напади врз новинари.
„Исто така, беа споменати и измените во Кривичниот законик со кои нападот врз новинари доби третман на напад врз службено лице, како и предизвиците со кои се соочуваат обвинителите при обезбедувањето докази за вакви кривични дела“, се вели во соопштението.