„Три од пријавите се за напади што се случиле на улицата Љубо Божиновски-Пиш и по еден на улиците Јордан Златаноски, Михајло Раичевиќ и Димо-Гавроски-Кара, информираат од тетовската полиција.
Градоначалникот Биљал Касами кој денеска беше дел од кампањата за поголема еколошка свест, на новинарско прашање кога ќе се изнајде соодветна начин за справување со бездомните кучиња, се пожали дека има опструкции во подготовка на тендерот.
„Во делот имало некои компликации како што за жал се случува тука кај нас, за се да се прави препрека на Општината. Во делот на подготовка на тендерската документација за да се објави, но работиме да се расчисти тоа да се објави тендерот за избор на фирмата која ќе се грижи за тие кучиња. Соогласно тоа работиме во делот на тргање на тие кучиња од градот“, истакна Касами од настанот во ООУ „Наим Фрашери“.
Според евиденцијата во СВР Тетово досега се нападнати и повредени 26 лица, кои за тоа поднеле пријава до полицијата.