сабота, 19 октомври 2024

Често има пожари во Горно Лисиче, градоначалникот нека најде решение, повика Левица

Објавено на

часот

Сподели

Вчера попладне околу 18 часот во Горно Лисиче кај месноста викана Бановина се појави пожар од поголеми размери кој опасно се приближи кон куќите од ул. Богомилски поход загрозувајки ги имотите на жителите кои живеат таму, информира Левица и додава дека пожарот се појавил на парцели на расадникот „Цветан Димов“ кои се целосно запуштени и обраснати со сува трева и трње кои лесно се палат.

Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа од Автокоманда пожарот беше локализиран и изгаснат. По пријава од жителите од тој реон, на терен излегоа и дел од советниците на Левица во Аеродром. Во разговор со нив им беше предочено дека ова се случува секоја година. Луѓето се плашат дека следниот пат можеби пожарот ќе ги зафати нивните куќи и ќе останат без кров над главата. Го повикуваме градоначалникот Тимчо Муцунски и општинската администрација заедно со расадникот „Цветан Димов“ да изнајдат решение околу запуштените парцели за да не дојде до несакани последици по животот и здравјето на тамошните жители како и штета по нивниот имот“, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ