среда, 29 јануари 2025

Честитки од Сиљановска-Давкова и Мицкоски по повод празникот Свети Сава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христиоја Мицкоски упатија честитки до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава.

Објавено на

часот

Сподели

Во честитката на Гордана Сиљановска-Давкова се вели дека „Свети Сава несомнено е еднa од наjзначајните личности во српската национална, образовна, културна и духовна историја. Првиот српски архиепископ остави дело кое ги надминува националните граници и како такво е почитувано од сиот православен словенски свет.

Празникот посветен на Свети Сава е убава можност да го афирмираме значењето на културата и просветителството, и повод да ја зајакнеме и продлабочиме соработката и комуникацијата како меѓу себе така и со нашите соседи. Токму српската заедница во Македонија, како и македонската во Србија, се дополнителен мотив за градење и за негување блиски и пријателски односи меѓу двете држави. Нека е честит 27 Јануари, Денот на Свети Сава“.

Празнувањето на Свети Сава 18 години во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ, се вели во честитката на Мицкоски

„Празникот Свети Сава се празнува 18 години во Македонија, откако со измените на законот за празници на 8 февруари 2007 година е прогласен за национален празник на Србите во Македонија. И ова го покажува меѓусебното почитување и доверба, како и добрата соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ.

Вашиот придонес во општествениот и јавен живот покажува дека заедно, обединети, во заедништво и преку почитување на различностите, културите и традициите можеме да ја трансформираме Македонија напред, а за граѓаните да обезбедиме подобра и посигурна иднина. Македонија мора да се гради и да има економски напредок, а тоа го можеме само доколку сме сплотени.

Затоа цврсто сум убеден дека градењето на соживот, толеранција и пријателство ќе биде еден од вредностите кои ќе бидат нашата водилка за остварување на нашите цели“, се вели во честитката на Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ