„Од своe, како и од името на архијереите, свештенослужителите, монаштвото и верниот народ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ви го честитаме празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи ви вам и на верниците од исламска вероисповед изобилни добрини од Господа.
Периодот на воздржување и пост нека ни бидe од полза, а сите денови да ни поминуваат во мир и почитување, меѓусебно разбирање и соработка, како би можеле богоугодно и човекољубиво да ја оствариме целта зададена од севишниот! Честит празник“, се наведува во честитката од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.