вторник, 24 декември 2024

Чешкиот претседател: Путин ја чека победата на Трамп за да преговара за Украина без ЕУ

Чешкиот претседател Петр Павел тврди дека рускиот претседател Владимир Путин ги чека американските избори во 2024 година и победата на Доналд Трамп бидејќи се надева дека ќе преговара со него за Украина без мешање на ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

Финска, чие членство во НАТО беше силно критикувано од Москва, ѝ даде на американската војска неограничен пристап до воените објекти во близина на финско-руската граница.

„Путин сосема јасно стави до знаење дека не може да има разговори за какви било мировни преговори до исходот на изборите во САД. Така јасно стави до знаење дека за него партнер за можни преговори не се никој друг освен САД. Ниту која било од големите европски земји“, изјави Павел во интервју за порталот Сезнам справи, пишува Еурактив.

Павел предупреди дека доколку Трамп победи на претседателските избори во САД, Путин може да се обиде да преговара со него „без оглед на тоа што мисли Украина или остатокот од Европа“.

„Ваквите преговори меѓу Путин и Трамп би можеле да доведат до некаков компромис кој теоретски ќе го врати статусот на Русија како клучен играч, а другите ќе мора некако да се помират со тоа“, рече чешкиот претседател.

Павел, кој беше шеф на воениот комитет на НАТО пред да стане претседател на Чешка во јануари 2023 година, е силен поддржувач на Украина. Сепак, тој е скептичен за тоа како ќе се развива војната меѓу Русија и Украина. Тој вели дека светот наскоро ќе мора да се соочи со „нова ситуација“.

„Многу работи се пред нас бидејќи развојот на конфликтот во Украина покажува дека следната година многу веројатно ќе видиме некои значајни случувања. А досегашните показатели покажуваат дека тоа нема да биде во најдобра смисла на зборот како што би сакале“, рече чешкиот претседател.

Изјавите на Павел се исти со оние на шефот на НАТО Јенс Столтенберг претходно овој месец. Столтенберг рече дека очекува лоши вести од украинскиот фронт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ