Челси одигра очајно прво полувреме во кое упатија само еден шут кон голот на домаќините. Кристал Палас со погодок на Лерма имаше водство од 1-0.
Но, во второто полувреме на сцена стапи Конор Галагер кој една сезона од својата кариера помина и во Кристал Палас.
По само две минути игра во второто полувреме Галагер го изедначи резултатот на 1-1.
Се чинеше дека ќе нема победник на овој дуел, но Галагер во 91. минута постигна нов гол за комплетен пресврт и водство на Челси од 2-1.
Кристал Палас со сите сили тргна по израмнување, а тоа му овозможи контра на Челси која ја реализираше Енцо Фернандез за конечна победа на сините од 3-1.