Челси во неколку дена сврза два непријатни порази, загуби со 4-1 во дербито со Ливерпул и дома со 2-4 против Вулверхемптон, па расте незадоволството од слабите игри и резултати.
Тренерското столче на Маурисио Покетино е разнишано, но се чини дека Аргентинецот нема да добие отказ во блиска иднина.
Челси потроши 1 милијарда фунти на засилувања во последните две години, и се верува дека „сините“ се на прагот да прекршат правилата за Финансиски фер плеј.
Отказ на Маурисио Покетино ќе чини најмалку 10 милиони фунти, „сините“ не сакаат додатно да си ги закомплицираат работите со ФФП и да им бидат одземени бодови, па ова е една од причините зошто стратегот ќе добие додатно време.