Палмер даде четири голови и дојде до бројката од 20 погодоци оваа сезона во Премиерлигата со што се изедначи со Халанд на врвот на листата на стрелци.
Напаѓачот на Челси од 13. до 29. минута даде хет-трик, Челси за помалку од половина час водеше со 3-0.
Во финишот од првиот дел гол даде и Џексон. Со водство на Челси од 4-0 се замина на одморот.
Течеше 64. минута кога Палмер даде уште еден гол, овојпат со удар од белата точка.
Конечните 6-0 ги постави младиот дефанзивец Алфи Гилкрист во 90. минута, само две минути откако влезе во игра.