петок, 18 октомври 2024

„Чекајќи ја смртта во Ичиќи“ на Наум Пановски промовирана во Белград, во Скопје самиздат

Објавено на

часот

Сподели

„Во Македонија немаше издавач доволно храбар и одважен да го објави овој исповеден исказ, но затоа има храбри млади луѓе, книжарници, кои сакаат да ја имаат на своите полици и да ја продаваат книгата која многумина би сакале да ја нема. Чекајќи ја смртта во Ичиќи е самиздат, издание со ограничен тираж и без комерцијални намери. Целиот приход од книгата оди во добротворни цели и наменет е за проекти на оние млади театарски уметници кои ќе се окуражат и ќе почнат да ги менуваат парадигмите на сегашниот ем непотистичко/инцестуозен, ем јалов театарски пејсаж“, вели Пановски.

Книгата се продава во книжарницата „Буква“, до поранешното кино Култура во Скопје.

„Книгата е напишана, не со намера да го промени светот, туку барем некого да придвижи, за младите да видат дека светот порано бил поинаков. Денес имаме џуџести земји кои се создадени по распадот на СФРЈ и секаде е така, од Словенија до Македонија. Национализмот беснее, но се надевам дека еден ден ќе го видиме хоризонтот на надежта, иако веројатно нема да го доживеам“, рече Пановски на промоцијата на мемоарите „Чекајќи ја смртта во Ичиќи или како умираат пријателствата“ во Белград.

Пановски докторирал на Универзитетот во Тексас, а досега поставил повеќе од 70 претстави во поранешна Југославија, Европа и САД, каде што живее повеќе од три децении.

d

Издавачот Драган Стојковиќ, режисерот Лордан Зафрановиќ зборуваа за автобиографските сеќавања на уметникот, за земја која повеќе не постои и настани од Скопје, Белград, другите делови на поранешна Југославија, но и од Америка, пред се Вашингтон, каде што живее со децении.

Сараевскиот режисер Градимир Гојер подвлече дека книгата автентично зборува за едно време, со факти кои се толку смртоносни што неминовно се среќавате со сите болести на општествата на овие простори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ