Барселона со 3-2 славеше на гостувањето кај ПСЖ и направи крупен чекор кон пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.
„Голема победа на тешко гостување во Лигата на шампионите. Игравме добро. Добро се браневме и добро напаѓавме. Тактички одигравме многу добро. Во продолжението се променија многу играчи, а ние одлично го чувавме Мбапе. Создававме многу шанси, а Рафиња и Левандовски направија разлика. Педри исто така многу помогна. Многу сум среќен и горд на тимот“, рече Чави.
„Среќен сум поради Кристенсен поради третиот гол. Голема победа, но ова е половина од работата. Натпреварот во Барселона ќе биде тежок. ПСЖ е еден од најдобрите тимови во светот“.
Чави имаше посебни пофалби за младите Јамал, Кубарси и Фермин Лопез.
„На нив мораме посебно да бидеме горди. Играчите кои доаѓаат од Ла Масија. Среќен сум бидејќи ова е една нова Барса. Тимот е на вистинскиот пат“.