Иако вчера рече дека останува во Барселона и веќе ги кројат плановите за следната сезона, по денешниот пораз од Виљареал, Чави реши да го напушти клубот.
„Ќе ја напуштам Барселона во јуни. Дојдовме до точка од која нема враќање. Време е за промена. Фан сум на Барселона и мислам дека е време да заминам“, вели Чави.
„Зборував со бордот и клубот денеска. Ќе си одам на 30. јуни“.