сабота, 26 октомври 2024

Чави одржал емотивен говор во соблекувалната, дел од играчите почнале да плачат

Заминувањето на Чави од клупата на Барселона уште е главна тема во каталонските медиуми, тие сега отркиваат детали од моментите кога стратегот решил да замине.

Објавено на

часот

Сподели

По последниот свиреж на судијата на мечот меѓу Барса и Виљареал, Чави најпрво се упатил кај Лапорта и му рекол дека веднаш сака да си замине, но бил убеден дека е најдобро да остане до крајот од сезоната.

Потоа Чави влегол во соблекувалната и на фудбалерите им соопштил дека заминува откако сезоната ќе заврши. Држел емотивен говор половина час, а дел од фудбалерите со солзи во очите го слушале, пред се Кансело и Левандовски.

Чави зборувал дека не може веќе да ги издржи критиките кои не влијаеле само на него, туку и на неговото семејство кое страдало поради големиот притисок кој се случува врз него.

Левандовски и Кансело почувствувале вина дека нивната слаба форма е една од причините за лошите резултати и страдањето на семејството на Чави, па посебно емотивно го прифатиле неговиот говор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ