По поразот од Виљареал во саботата, Чави на големо изненадување соопшти дека заминува по крајот на сезоната. Па на денешената средба со новинарите во пресрет на пресметката со Осасуна, ова беше топ тема.
„Не ја исклучувам можноста да се вратам во Барселона. Јас сум клупски човек. Ќе бидам на располагање доколку сум и потребен на Барса. Мислам дека во моментов не сум потребен, потребна е друга личност, потребен е поинаков тренер“ – вели Чави.
„Како што кажав и претходно, мојата одлука е за доброто на клубот. Уште минатото лето знаев дека оваа сезона ќе ми биде последна“.
Тој потоа рече дека не бил доволно ценет, и дека Пеп Гвардиола го предупредил колку е сурова и неблагодарна работата.
„Без разлика што ќе направам, што ќе кажам, имам чувство дека не сум ценет. Не е дека не можам да се справам со притисокот, едноставно мојата работа не е доволно ценете, а се нафатив да бидам тренер во една од најтешките ситуации во историјата на клубот“.
„Стојам на тоа што го кажав изминатиов викенд, дека работата во Барселона е сурова и неблагодарна“.
„Прават да се чувствувате безвредни. Разговарав и со Пеп на оваа тема, и тој ми го потврди истото. Гледав и Луис Енрике како се мачи. Имаме проблем во овој клуб од аспект на барањата. Не уживате во работата, како секој ден да се работи за живот или смрт“.
Тој потоа додаде: „Кога велам дека сме под реконструкција, ме убивате. Кога велам дека ја немаме Барса од 2010, има многу критики. Имам чуство дека без разлика што правам, тоа не е доволно“.
„Не поминува ништо, не поминува тоа што минатата сезона се вративме од 14 бода негатива во однос на Реал Мадрид и ја освоивме Ла Лига, ниту тоа што триумфиравме во Суперкупот, ниту тоа што промовиравме неколку млади играчи“.