сабота, 19 октомври 2024

Чаир: МЗТ Скопје измислува, немаше никаков инцидент

Кошаркарскиот клуб Чаир негира дека се случил инцидент на полувремето од вчерашниот меч против МЗТ Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот меѓу Чаир и МЗТ Скопје беше прекинат на полувремето, кошаркарите на тимот од Аеродром се пожалија дека биле нападнати во соблекувалната од неслужбени лица.

Од Чаир демантираат дека имало било каков инцидент.

„Супер натпревар, брилијантна атмосфера, полна сала и вечер која ќе остане долго во нашето сеќавање затоа што се потврди дека Чаир е храм на спортот. Што се однесува до лажните информации што се појавија во јавноста, целосно демантираме со доказ дека натпреварот се снима од сите агли и од многу медиуми. Таканаречениот ‘инцидент’ е измислен од противничкиот тим и секогаш во моменти кога гледаат дека губат, тие лансираат нереални работи. Гарантираме дека немаше физички контакт во ниеден момент, како во однос на приемот, текот на натпреварот, така и при заминувањето од салата“, се вели во соопштението од Кошаркарскиот клуб Чаир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ