Чаби Алонсо прави чуда со Леверкузен, фармацевтите досега немаат пораз оваа сезона. Во трка за шпанскиот стратег се Ливерпул и Баерн Минхен кои ќе имаат нови тренери во идната сезона.
Алонсо како фудбалер го носеше дресот и на двата клуба, па Ливерпул и Баерн Минхен тука се еднакви.
Шпанецот веќе имал првични разговори со Баерн Минхен, германските медиуми веруваат дека тоа ќе биде неговиот избор ако го напушти Леверкузен.
Една од причините е што во Бундеслигата полесно би ја продолжил доминацијата отколку во Премиерлигата каде конкуренцијата е многу посилна.