четврток, 19 декември 2024

Центарот за развој на медиуми бара ажурирање и модернизирање на законодавството за медиумски услуги

Прифаќање на пазарен удел за медиумска концентрација, дозволување и охрабрување на инвестиции во различни медиуми, вклучување на онлајн-медиумите во регулацијата, задржување на забраните за учество во капиталот на друштва за реклама, дозволување на телекомуникациските компании да инвестираат во специјализирани канали, и олеснување на влезот на странски медиумски компании за подобрување на програмската понуда се дел од препораките на Центарот за развој на медиуми со цел овозможување на плурализмот и разновдиноста на адуиовизуелните медиумски услуги. 

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше Дејан Ѓеоргиевски од Центарот за развој на медиуми пред денешната дискусијата „Предлози за ревизија на законските одредби за заштита на плурализмот и разновидноста на аудиовизуелните медиумски услуги“ што се одржа во Скопје, целта е да се дадат начелни правци за потребните измени во законодавството.

„Кај нас одамна е препознаена потребата од менување на медиумското законодавство, особено во делот на радиодифузија адиовизуелни медиумски услуги. Се обидуваме да идентификуваме што е тоа во различни поглавја во постојниот закон за аудиовизуелни медиумски услуги што треба да се промени. Не даваме конкретни решенија во смисла – членот тој и тој, треба да гласи вака. Меѓутоа начелните правци по којшто би требало да одат, тие, како што реков, потребни промени на законодавството“, вели тој.

За таа цел, денеска со претставниците на индустријата, радиодифузерите и на разни групи заинтересирани страни е организирана оваа дискусија за да се разменат мислења.

„Да ги слушнеме нивните мислења за нашите предлози во кои насоки треба да одат, да речеме – промените во глава 4 од Законот за аудиовизуелни медиумски услуги кое се однесува на заштита на плурализмот и на разновидноста на аудиовизуелните медиумски услуги. Тие одредби кои датираат уште од 2005 година во денешно време се покажуваат застарени, и се покажуваат особено неадекватни на денешниот момент во развојот на , меѓу другото и на адуиовизуелни медиумски услуги, меѓутоа и на медиумите пошироко во кои сдоминира сè побрзата преселба на интернет, како најверојатно единствена платформа за дистрибуција на било какви содржини во блиска иднина. Дали се работи за видео, дали се работи за аудио, дали се работи за текст, фотографии… значи идејата е таа“, дополни тој.

Предвидено е по комплетирање на предлозите и забелешките, документот да биде проследен до надлежните институции.

„На тој закон можеби одење глава по глава не е најсоодветен, бидејќи тој закон речиси целосно треба да се ревидира, повторно да се разгледа, за да се адаптира на новото време, и да се отстранат некои пречки коишто во секоја смисла го спречуваат нормалниот развој на цела една индустрија на аудивизуелни медиумски услуги да може да ги следи глобалните трендови“, потенцираше Ѓеоргиевски.

Според препораките, пожелно е Законот за ААВМУ експлицитно да дозволи една радиодифузна организација да поседува повеќе од една дозвола за емитување и да тестира интерес за специјализирани програмски сервиси преку јавен конкурс, со цел да се подобри медиумскиот плурализам и да се обезбеди поразновидна програмска понуда.

Дополнително, се препорачува да се разгледаат одредбите од глава IV од ЗААВМУ за заштита на медиумскиот плурализам и разновидноста на содржините, да се задржат забраните за таен содружник и учество во сопственоста без утврден капитал, и да се размисли за повторно воведување на локална јавна радиодифузија, особено во форма на локални јавни радио станици.

Воедно, препорака е да се дозволи консолидација на медиумскиот пазар преку аквизиции и преземања меѓу радиодифузерите, да се укинат ограничувањата за хоризонтална и вертикална концентрација на сопственоста, и да се овозможи медиумските компании да нудат различни видови на содржини преку онлајн-платформи, со цел да се подобри квалитетот и разновидноста на програмските сервиси.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ